Сметководствени услуги

СМЕТКОВОДСТВО

Нашиот реномиран тим на сметководители ви овозможува професионална грижа за вашето сметководство. Ние вршиме финансиско сметководство, даночни пресметки, извештаи за менаџмент, годишни сметки и финансиски извештаи, изработка на плати и сите останати сметководствени услуги.

ПРАВНИ УСЛУГИ И HR

Нашиот реномиран тим на правници ќе ви помогне за сите правни предизвици на вашата компанија, од нејзино основање, добивање на сите потребни лиценци и дозвол, пријавување и одјавување на вработени, комуникација со сите државни органи за потребите на вашата компанија.

ЦЕЛОСНА ГРИЖА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

Основање на компанија и добивање на сите потребни дозволи за работа

Преку нашата платформа novafirma.mk можете да основате компанија целосно online. Нашиот тим ќе ви помогне да изберете најдобар вид на компанија и тип на оданочување кој најмногу одговара на вашите прилики.

Сметководствени услуги и консалтинг

Глобал Гроуп Консалтиг поседува лиценца за вршење на сметководствени работи издадена од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија. Нашиот реномиран тим на овластени сметководители ќе се погрижи за сметководството на вашата компанија.

Правни услуги и човечки ресурси

Ние работиме посветено, се грижиме за сите правни предизвици на вашата компанија и успешно ги решаваме истите. Нашиот тим на правници и професионални сметководители имаат долгогодишни искуство во спроведување на најкомплексни постапки кај компаниите а меѓу другото и постапки на поделба на компании и спојување на компании.

ПРОФЕСИОНАЛНО СМЕТКОВОДСТВО

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Со наша помош основањето компанија е многу едноставно и брзо. Отворете ја нашата апликација www.novafirma.mk, пополнете го краткиот формулар за основање на компанија. Нашите вработени че ве контактираат за потпишување на документите и за еден ден вие имате регистрирана компанија. 

Во Македонија, за компаниите се применливи четири даноци:

  • Данок на добивка со стапка од 10%
  • Данок на личен доход со стапка од 10%
  • Данок на додадена вредност со општа стапка од 18% и повластени стапки од 5% и 10%
  • Даноци на имот

Нашиот тим ќе се погрижи да ги заврши сите потребни формалности кои треба да се извршат по основање на компанија:

  • помош при отворање на сметка во банка
  • пријавување на работно време
  • регистрирање на вистински сопственик
  • регистрација за целите на ДДВ
  • пријавување во трудова инспекција
  • пријавување во пазарна инспекција
  • пријава на нови вработени
  • стекнување на дозвола за работа – доколку е потребно

Цената на нашите услуги се формира врз основа на нашиот ценовник за услуги а кој се базира на видот на компанијата, обемот на работа, дејноста на компанијата, бројот на вработени и слично.

За подетални информации контактирајте не!

Нашата компанија води грижа за целосното сметководство предвидено со законските прописи во државата за вашата компанија, поднесување на сите потребни даночни пријави, годишна сметка и финансиски извештаи, извештаи до народна банка и завод за статистика, извештаи за менаџмент и друго.

Состанок може да закажете на следните контакти:

Телефони:

  • +389 2 5126 533
  • +389 78 332 350
  • +389 78 289 005

Маил:

Нашиот реномиран тим на овластени сметководители со долгогодишно искуство изготвува професионални Финансиски извештаи за средни и големи компании.

Нашиот реномиран тим на овластени сметководители со долгогодишно искуство изготвува професионални Годишни извештаи за работењето за средни и големи компании како и на други компании.

Нашиот тим на правници и професионални сметководители имаат долгогодишни искуство во спроведување на најкомплексни постапки кај компаниите а меѓу другото и постапки на поделба на компании и спојување на компании.

Нашата специјалност е сметководство за услужно ориентирани компании, како што се IT компаниите. Затоа говори и фактот што најголемиот дел од нашите клиенти се токму IT компании, меѓу кои има и доста звучни меѓународни имиња присутни во Македонија со свои подружници но и помали домашни IT компании.

Мерките кои ги преземаме со нашите вработени и интерните процедури кои ги применуваме во компанијата, вашите деловни податоци се целосно заштитени и секој податок на нашите клиенти за нас претставува деловна тајна и не се открива на надворешна страна.

Нашите современо уредени канцеларии се наоѓаат на ул. Тодор Паница бр. 7 во зградата помеѓу Општината Кисела Вода и средното економско училиште Васил Антевски – Дрен. 

Нашето работно време  е од понеделник-петок од 08-16 часот.