Претплата

ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје претставува нова компанија која нуди консалтинг услуги од областа на право, финансии и сметководство.

 

Вработените во компанијата и нејзините надворешни стручни соработници се експерти во својата област и благодарение на нивната стручност и ефикасна работа, компанијата брои голем број на задоволни клиенти. Честите промени на Законската регулатива и нивното следење го преокупираат работното време на работниците во секторите финансии и право.

Нашата мисија е ажурно следење на законските измени и навремено и ажурно информирање на нашите клиенти околу настанатите измени и нивното влијание врз нивната секојдневна работа.

Ние нудиме професионален пристап, ефикасност, ефективност, ажурност и водиме комплетна грижа за правилна и законска работа на нашите клиенти.

 

 

Еден од поголемите наши проекти е и веб страната www.smetkovoditeli.com.mk. Веб страната претставува модерна и современа е-база на сметководствени книжења, е-база на на прашања и одговори од областа на финансии, право, даноци и сметководство и е-база на теркови и обрасци потребни за секојдневна работа на сектор право и финансии.

Претплатете се за консалтинг услугите на ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ и добијте:
  • Пристап до е-базите на веб страната www.smetkovoditeli.com.mk со корисничко име и лозинка во траење од една година;
  • Базата на сметководствени книжења претставува најголема база на книжења која е составена од сметководствени книжења на разни сметководствени ситуации и документации, категоризирана според класи (од класа 0 до класа 9). Книжењата се претставени преку примери од секојдневното работење на компаниите и начин на книжење на примерот даден во табела.
  • Базата на прашања и одговори претставува база на одговорени прашања од областа на сметководство, даноци и право, категоризирани во категории со што многу лесно може да дојдете до одговорот на бараното прашање.
  • Базата на теркови и обрасци претставува база во која се прикажани обрасци и теркови за изготвување на документи од сите области на работа како човечки ресурси, трговски друштва, договори, даноци и друго. Терковите може да се прегледуваат, копираат и спуштаат во текст форма.
  • Ажурни информации за законски измени и други податоци потребни за секојдневното работење на вашата е-маил адреса;
  • Одговор на прашања испратени преку е-маил од следните области:
    • Деловно право,
    • Човечки ресурси,
    • Даноци и придонеси,
    • Сметководство,
    • Финансии,
    • Јавни набавки,
    • ИПАРД програми, финансиска подршка на инвестиции и слично,
    • Други области во зависност од потребите на клиентот.