Ревизија на финансиски извештаи GGC Audit

Врз основа на Законот за трговски друштва, ревизија на финансиски извештаи задолжително изготвуваат средните и големи трговци. Во тој контекст среден трговец, претставува комапнија (трговско друштво) кое во две последователни години исполнил најмалку 2 од следните 3 критериуми: број на вработени над 50,  приход над 2.000.000 Евра и просечна вкупна актива над 2.000.000 Евра.

Според Законот за трговски друштва, трговските друштва подлежат на ревизија на финансиски извештаи при вршење на статусни промени, присоединување, поделба или спојување, трансформација од АД во ДОО и обратно и слично.

Под ревизија на финансиски извештаи подлежат и финансиските друштва, банките, осигурителните компании и други видови на правни лица за кои обврската за вршење на ревизија е предвидена со други закони.

ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА РЕВИЗИЈА

ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје претставува реномирана компанија која врши ревизорски услуги, бизнис консалтинг (даночен, економски и правен консалтинг) и правни услуги.

Друштвото поседува лиценца за вршење на ревизија издадена од Советот за унапредување и надзор на ревизијата.

Друштвото е зачленето во регистарот на друштва за ревизија во Институтот на овластени ревизори на Република Македонија.

Вработените во компанијата и нејзините надворешни стручни соработници се експерти во својата област и благодарение на нивната стручност и ефикасна работа, компанијата брои голем број на задоволни клиенти. Нашиот тим се состои од двајца овластени ревизори, овластени сметководители, економисти, правник и еден офис и маркетинг администратор.